ПРАШИНА
На почетокот на 20-тиот век, на американскиот Запад, двајца браќа се вљубуваат во иста жена. Лилит (Броше) го одбира помладиот Елаја (Фајнс), а Лук (Венам) заминува за Европа, каде неговите демони го водат во Македонија. Македонскиот дел од приказната нè води во Македонија под отоманско ропство и приказната за борбата за гол живот. Учителот (Јовановски) е предводник на комитите, а Неда (Кујача) е пред пораѓање на нивното дете, ќерката Ангела. Сардисани од турскиот аскер, напомош им доаѓа еден каубоец, бркан од друг каубоец… Во временските скокови низ филмот се мешаат раѓањето и смртта на Ангела (Марфи) и нејзиното надмудрување со крадецот Еџ (Лестер). Филмот е приказна за љубовта, но и за омразата, за Балканот и Америка, која доведува до фатален крај на главните ликови.
Датум на издавање: 2001
Режисер: Милчо Манчевски
Должина: 127 мин.
Цена на билет: 150 ден.
Возрасна категорија: 16+
Актери
Џозеф Фајнс, Дејвид Венам, Адриан Лестер, Ен Броше, Розмари Марфи, Николина Кујача, Владо Јовановски, Салаетин Билал
