Мирно лето

ВОВЕДУВАЊЕ НА BD ФОРМАТОТ

Владимир Ангелов – Директор на Кинотеката на Северна Македонија

Кинотеката повторно има пионерски потфат: блуреј издание на филмот МИРНО ЛЕТО – прво вакво издание на македонскиот пазар. Блурејот има поголем податочен капацитет од ДВД и овозможува квалитетно презентирање на националното филмско наследство.

Филмот, кој во 1961 година ја рушеше гледаноста во Македонија, сега е дигитално реставриран и дигитализиран благодарение на Министерството за култура и меѓународниот проект „Сезона на класични филмови“, поддржан од Creative Europe MEDIA на ЕУ.

Оваа прва македонска комедија сега ќе допре до повеќе гледачи, а младите генерации ќе можат да ја доживеат речиси подеднакво автентично како своите баби и дедовци – на дигитален медиум, според светските стандарди.

Scroll to Top