СЕСТРИ
Филмот е приказна за две млади девојки, Маја и Јана. Растат во типична постсоцијалистичка средина со изместени вредности. Нивното хоби е синхронизирано пливање. Маја е вљубена во Крис, и на една журка наместо да започнат нормална врска, Елена ѝ го презема дечкото на Маја. Елена и Крис имаат орален секс на отворено, а Маја и Јана ќе го снимат тој настан со мобилен телефон и ќе го објават на социјалните мрежи. Животот на Елена станува пекол, и по судирот со Маја и Јана се случува страшен инцидент во кој исчезнува Елена. Сите се во потрага по неа, а пријателството на Маја и Јана е доведено во прашање…
Датум на издавање: 2021
Режисер: Дина Дума
Должина: 90 мин.
Цена на билет: 150 ден.
Возрасна категорија: 12+
Актери
Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Марија Јанчевска, Ханис Багашов, Верица Недеска
