ДО БАЛЧАК

ДО БАЛЧАК
ДО БАЛЧАК е последното остварување на доајенот на македонскиот филм Столе Попов. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која македонската кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација. Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во кој се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот. Антивестерн, пандан на традиционалниот Амerican Western или нешто што слободно би можеле да го наречеме Маcedonian Eastern, филм што излегува од просторот на кој од памтивек се среќаваат и судираат западната и источната цивилизација… Дејствието на филмот се случува во 1907 во Отоманска Македонија, неколку години по крваво задушеното Илинденско востаниe. Приказната ги следи случувањата на комплексен љубовен четириаголник помеѓу Крсто – бескомпромисен и идеалистичен комита, Музафер – безмилосен турски офицер, Филип – опортунист кој се враќа дома по завршени студии во Европа, и Тереза – слободоумна Европејка во потрага по авантура, која ги залудува тројцата мажи и предизвикува серија на настани со далекусежни и несогледиви последици.

Датум на издавање: 2014

Режисер: Столе Попов

Должина: 165 мин

Цена на билет: 150 ден.

Возрасна категорија: 16+

Актери

Инти Сирај, Мартин Јорданоски, Сашко Коцев

Термини на прикажување

13/09/2025 20:00 ч.
Scroll to Top