Седум кусометражни филмови

КИНОТЕКА И ДПМ ви претставуваат СЕДУМ КУСОМЕТРАЖНИ ФИЛМОВИ по сценарија на македонски писатели 

На 2 јули (среда) во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели. 

На програмата се филмовите „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев; и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.

Scroll to Top