Програма на филмови
КАЗАБЛАНКА
Казабланка е антологиски филм поради совршеното спојување на романтичната драма, политичката интрига и филмската поетика на класичниот Холивуд.
ОБРАЗЕЦ Б-16
Приказна за „малиот“ човек, заглавен во бирократскиот лавиринт, кој секогаш добива најмалку од сите. Тој човек издржува низа ситуации во системот на апсурдите и парадоксите кои немоновно произлегуваат од општествената динамика, а посебно од идеолошките и технократските управувања.
ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ
„Трето полувреме“ е комплексна историска филмска приказна со мелодраматични елементи, на тема холокауст, раскажана од гледна точка на остарената Еврејка Ребека Коен.
ДЕНЕС ТРЕБА НЕШТО ДА СЕ СЛУЧИ
Поетска и тажна приказна за љубов, разделеност и немоќ. Двајца старци, една љубов и еден граничен камен меѓу нив.
РУГАЊЕ СО ХРИСТОС
Александар е познат новинар во еден угледен француски политички весник. Тој се враќа во неговото родно место Нивици, во преспанскиот дел на Егејска Македонија, со цел да дознае кој бил неговиот татко Лазар, кој долго време живеел во Македонија како политички емигрант.
СЕВЕРЕН ПОЛ
Приказна за одраснувањето и сексуалното созревање на тинејџерката Марго (Белазелкоска).
СОБА СО ПИЈАНО
„Соба со пијано“ е приказ на различни животни судбини доведени на една единствена локација, од чиј ракурс може да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење.
ПРАШИНА
ПРАШИНА раскажува две приказни истовремено и во заднината прави скокови од почетокот на 20-тиот век до американскиот современ културен момент.
ТРЕТИОТ ЧОВЕК
Третиот човек“ (The Third Man, 1949) во режија на Керол Рид е едно од антологиските остварувања на европскиот и британскиот филмски реализам и филм-ноар. Дејството е сместено во Виена по Втората светска војна, град поделен меѓу сојузничките сили и исполнет со шверцери, тајни служби и морална неодреденост.
ВИДИ ЈА ТИ НЕА
Тврдоглава девојка го наоѓа неверојатното решение за сите свои проблеми во еден исклучиво машки религиозен ритуал.
ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ
Филмската приказна на Столевски се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале.
СКОПЈЕ РЕМИКС
„Скопје Ремикс“ е амбициозен и иновативен филм од 2012 година, создаден од колектив на македонски режисери. Филмот се состои од десет кратки приказни кои се фокусираат на различни аспекти на животот во македонската престолнина, Скопје.
ВИРОВО
Етнолошки филм за еден од најстарите сочувани занаети на Балканот – валавничарството, кој сè уште се негува во селото Вирово, Демирхисарско.
СЕСТРИ
Филмот е приказна за две млади девојки, Маја и Јана. Растат во типична постсоцијалистичка средина со изместени вредности. Нивното хоби е синхронизирано пливање.
ДО БАЛЧАК
ДО БАЛЧАК е последното остварување на доајенот на македонскиот филм Столе Попов. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која македонската кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација.
НЕДЕЛА НА ХРВАТСКИОТ ФИЛМ
Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката на Република Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.
ДАМАТА ОД ШАНГАЈ
Дамата од Шангај (The Lady from Shanghai, 1947) е култно ноар-остварување во режија и со главна улога на Орсон Велс. Приказната ја следи судбината на ирскиот морнар Мајкл О’Хара (Велс), кој по случајна средба се вклучува во светот на мистериозната и заводлива Елза Банистер (Рита Хејворт), сопруга на богат, но болен адвокат.
ПАНАШОТ
Филмот се фокусира на Колин, 14-годишно момче кое пелтечи и се бори со траумата од насилниот татко, наоѓајќи утеха во имагинарен свет.
АПАРТМАН
Приказната го следи „Бад“ (игран од Џек Лемон), службеник за осигурување кој, надевајќи се дека ќе му помогне во кариерата, им дозволува на постарите колеги да го користат неговиот стан за нивните вонбрачни афери. Бад развива симпатии кон операторка на лифт, Фран Кубелик (играна од Ширли Меклејн), која, пак, има афера со шефот на Бад.
