Бранко Ивановски – Гапо е една од најзначајните личности на современата македонска култура. Пред сè филмски режисер, но исто така и телевизиски, театарски и радио-режисер.
Гапо беше сонувач и истражувач, автор кој без остаток му припаѓаше на светот на уметноста. За него фантазијата значеше истражување, истражувањето значеше создавање, а создавањето – постоење.
Во неговото творештво се открива експлозија на емоции, немир и инспирација. Наместо конформизам и комерцијални патишта, Гапо остана доследен на креативниот немир и ентузијазам, што го направи еден од најплодните автори во македонскиот филм.
Филмографија
Денови на искушение
Година: 1965
Род: игран филм
Жанр: историски
Техника: синемаскоп
Лента: црно-бел, со звук, 35 мм
Времетраење: 104 мин.
Производство: „Вардар филм – Скопје“
Време без војна
Година: 1969
Род: игран филм
Жанр: социјална драма
Техника: вајдскрин
Лента: црно-бел, со звук, 35 мм
Времетраење: 80 мин.
Производство: ФРЗ – Скопје
Истрел
Година: 1972
Род: игран филм
Жанр: воен филм
Техника: вајдскрин
Лента: во боја, со звук, 35 мм
Времетраење: 98 мин.
Производство: „Филмско студио – Скопје“, „Босна филм – Сараево“
Најдолгиот пат
Година: 1976
Род: игран филм
Жанр: историски
Техника: вајдскрин
Лента: во боја, со звук, 35 мм
Времетраење: 126 мин.
Производство: „Вардар филм – Скопје“, „Македонија филм – Скопје“
Време, води
Година: 1980
Род: игран филм
Жанр: историско-социјална драма
Техника: виставижн
Лента: во боја, со звук, 35 мм
Времетраење: 139 мин.
Производство: „Вардар филм – Скопје“, „Македонија филм – Скопје“
Македонска сага
Година: 1993
Род: игран филм
Жанр: мелодрама
Техника: вајдскрин
Лента: во боја, со звук, 35 мм
Времетраење: 113 мин.
Производство: „ТФРЗ Пегаз – Скопје“, „Вардар филм – Скопје“

