ИЗДАНИЈА

Дигитализација и реставрација

Во 2011 година, Владата на Република Македонија ја назначи Кинотеката на Македонија за одговорна институција за дигитализацијата на македонското филмско наследство. Процесот на дигитализација и реставрација е комплексен и специфичен за секој проект, но обично вклучува скенирање на сликата (негатив доколку е достапен) во 2К или 4К, пренос на тонот во дигитален формат, стабилизација, автоматска и рачна корекција на оштетувања, како и колор корекција и чистење на шумови. На крај, сликата и тон се спојуваат, се прават контролни проекции, и филмовите се архивираат на LTO ленти, како и се изработуваат нови дубл негативи и филмски копии. Дополнително, се изработуваат и DCP формати за прикажување во кината и пониски видео формати. 

Филмски опус на Столе Попов

Долгорочниот проект на дигитална реставрација Кинотеката го започна во 2011 година со дигитализацијата на филмскиот опус на Столе Попов. Беа дигитализирани и дигитално реставрирани 4 играни и 3 документарни филмови, во вкупна должина од 17.810 метри, 35 мм. филмска лента. Процесот заврши во 2012 година по што, истата година, беше објавено и ДВД издание со дигитално реставрираните филмови.

„До балчак“
„До балчак“
Класични сцени од „До балчак“
Браќата Манаки

Во 2012 година беше дигитализиран и дигитално реставриран целокупниот опус снимен од браќата Манаки во вкупна должина од 1.800 метри на 35 мм. филмска лента. Во 2013 година беше издадено ДВД со нивните дигитално реставрирани филмови.

Во 2013 година Кинотеката го дигитализираше и дигитално го реставрираше документарниот филм „Македонија во слики“ на Арсениј Јовков, снимен 1923 година, во должина од 400 метри, од 35 мм. филмска лента.

Сцена од документарниот филм „Македонија во слики“ (1923)

Денес: реставрирани...

Книги
0
Филмови
0
ДВД
0
Scroll to Top