АПАРТМАН
Приказната го следи „Бад“ (игран од Џек Лемон), службеник за осигурување кој, надевајќи се дека ќе му помогне во кариерата, им дозволува на постарите колеги да го користат неговиот стан за нивните вонбрачни афери. Бад развива симпатии кон операторка на лифт, Фран Кубелик (играна од Ширли Меклејн), која, пак, има афера со шефот на Бад. „АПАРТМАН“ е американска романтична комедија од 1960-та година, режирана и продуцирана од великаниот на холивудскиот и светски филм, Били Вајлдер. Во него играат големите холивудски ѕвезди од минатото – Џек Лемон, Ширли Меклејн, Фред МекМареј. Овој филм на Валјдер се смета за еднo од неговите најдобри остварувања и за еден од најголемите американски филмови некогаш снимени. Има освоено пет награди за оскар меѓу кои за најдобар филм, најдобра режија и најдобро сценарио и редовно се појавува на листите на најдобри филмови и e избран од Конгресната библиотека на Соединетите Американски Држави за зачувување во Националниот филмски регистар.
Датум на издавање: 1960
Режисер: Били Вајдлер
Должина: 125 мин.
Цена на билет: 150 ден.
Возрасна категорија: 16+
Актери
Џек Лемон, Ширли Меклејн, Фред МекМареј, Реј Валтсон, Еди Адамс
